Александар Трајковски: Да ја искористиме оваа позитивна ситуација за нешто големо

351

Македонскиот фудбалски национален тим денеска се собра по повод квалификациските дуели против Белгија на домашен терен на 6 јуни од 20:45 односно Казахстан на 9 јуни на гости со почеток од 15:00 часот.

Искусниот Александар Трајковски секако е еден од лидерите на репрезентацијата, нормално дека е авротитетот во оваа селекција, оној чие што мислење во моментов е и тоа како важно. Пред веројатно клучните мечеви од оваа кампања.

„Оваа ситуација мора да се искористи. Затоа што реално имаме големи шанси за успех. Белгија е една сериозно квалитетна репрезентација, можеби не така звучна по имиња како некогаш во 2013 година, кога играа Азар, Де Брујне, Лукаку, Караско, но се исто така сериозно квалитетни. На хартија секако дека се фаворити, но ние од друга страна имаме сериозни шанси за нешто големо. Имаме неколку добри натпревари зад нас, и сметам дека сега е право време да ја дигнеме атмосферата на највисоко можно ниво и да го искористиме овој момент“ – започнува еден од нашите капитени.

Нормално е дека кога имаш нов селектор, што се однесува до Белгија, да има сосема нова концепција, нова стратегија, можеби и подмладување на екипата. Но сепак, и натаму сметам дека Белгија има сериозен квалитет, и со тие млади играчи да бидат на највисоко можно ниво, и да ги вклопат тие млади играчи во нивната фудбалска филозофија која што на негуваат веќе долго време. Да, имаат нов селектор, кој очигледно дека ќе проба нешто поинаку но секако се сезиозно квалитетни. Јунски термин е да, сите играчи се веќе заморени, крај на сезоната е, но репрезентацијата е во прашање и мораме да бидеме на највисоко можно ниво“ – додава искусниот напаѓач.

Голот во „девееста“ против Велс сеуште не боли

„Секако дека боли тој примен гол прогив Велс. Тоа ќе беше сосема друга ситуација да имаме сега шест бода на контото. Сепак, ете, тој секундарен пад на концентрација не чини два плус бода. Мораме да направиме тоа повеќе да не се случува. Мора да поработиме на тој момент. Пад на концентрација да не не чини сериозно добра позиција и клучни бодови“ – вели Александар Трајковски.

 

ПретходноПоширок список на играчи за националиот тим „Под 20“- мажи
СледноМароко ќе прави Формула 1 патека вредна 1,2 милијарди долари