Македонската фудбалска репрезентација предмалку го означи стартот на подготовките за претстојните квалификациски дуели против Белгија на домашен терен на 6 јуни и против Казахстан на гости 9 јуни на гостински терен.
Дел од репрезентативците пристигнаа, дел се очекува да пристигнат во текот на денот.
Првиот тренинг е закажан за 18:30 часот денеска.
На самиот старт на подготовките, Јани Атанасов уверен во наш успех на овие два меча.
„Овие два меча многу ни значат. Два многу важни мечеви. Се знае колку ќе ни значи успех на овие два меча. Само позитивни мисли во моментов. Се разбира дека Белгија е велесила. Селекторот Милевски сигурно ќе ги склопи коцките како и секогаш, за да се покажеме во вистинско светло. Очекувањата против Белгија? Најмалку бод. Посакувам четири бода од овие два дуели. А зошто не и шест? Да си ги вратиме што се вели оние два бода кои ги загубивме во последните моменти против Велс“ – самоуверено изјавува Јани Атанасов.