Вирц прогласен за најдобар во Бундеслигата

166

Во изборот на професионалните фудбалери на Германија, Флориан Вирц е избран за најдобар за изминатата сезона во Бундеслигата. Сосема очекувано, офанзивецот на Баер е на врвот, затоа што зад себе има феноменална сезона.

Истата пак му носи и трансфер во Ливерпул со кого преговорите се во завршна фаза. Вирц инаку чини 150 милиони евра, но тоа за шампионот на Премиер лигата воопшто не е проблем.

Офанзивниот играч од средниот ред доби 29,1% од гласовите, пред играчите на Баерн Минхен, Хари Кејн (20%) и Михаел Олисех (17%).

За Вирц, ова е втора последователна награда од ова гласање, што го прави само втор фудбалер, по Роберт Левандовски, со такво достигнување.

ФОТО BAER LEVERKUZEN X

ПретходноПоништено судењето за смртта на Марадона, еден од тројцата судии се повлече!
СледноИндијана ја пропушти првата од трите меч топки – Никсите се уште се живи (ВИДЕО)