31-годишниот босански интернационалец Миљан Говедарица е нов фудбалер на Силекс.
Како што објавија денеска од клубот, Говедарица доаѓа како засилување на позицијата лево крило, откако минатата сезона ја помина во екипата на Славија од Сараево.
Говедарица ја започна својата кариера во ФК Славија пред да се пресели во српскиот клуб ФК Доњи Срем во сезоната 2013/14. Во кариерата играше и за Слобода Тузла, Олимпик, Звијезда 09 и Зрињски Мостар.