Доминацијата на Тандер: Четири плеј-оф победи со 30+ разлика за нов рекорд

113
фото: OKC THUNDER (X)

Не случајно кошаркарите на Оклахома важат за голем фаворит за шампионскиот прстен во НБА лигата оваа сезона. Статистиката која ја има овој тим досега на патот кон големото финале е импресивна.

Имено, Оклахома Сити го заврши финалето на Западната конференција со нова победа од 30+ поени над Минесота (124:94). Ова е четвртиот натпревар на Тандер со таква разлика во оваа плеј-оф серија, што е рекорд во НБА.

Претходно, Оклахома двапати го прегази Денвер со 30+ разлика, а еднаш настрада и Мемфис.

Исто така, Тандер претходно постави нов рекорд за просечна разлика во поени во регуларната сезона (+12,9), надминувајќи го претходното достигнување на Лејкерс од сезоната 1971-72 (+12,3).

Просечната разлика во поени за тимот во ова натпреварување е +10,8. Ова е најдобриот резултат за финалист од Голден Стејт од 2017 година (+13,5).

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Џонатан Тах потпиша со Баерн (М)
СледноПочна пријавувањето за евро-куповите: Струмица има намера да игра во ЛШ и оваа сезона