Екипата на Дубаи успеа да се избори за „мајсторка“ во полуфинална пресметка против Партизан во рамките на АБА-лига. Победникот на оваа средба беше решен после продолжение, а таму Дубаи беше подобар со 100-95.
За разлика од првата средба во која „црно-белите“ доминираа, овој пат на теренот видовме изедначена битка, па победата е сосема заслужена.
Препелиќ со 30 поени беше прв стрелец кај победникот, Масон имаше 26 поени. На другата страна Џонс имаше 25 поени и 7 асистенции.
Третиот натпревар се игра на први јуни.