Репрезентација на Македонија до 18 години одигра 1:1 против Словенија на вториот контролен натпревар одигран на гостински терен во Птуј.
Избраниците на селекторот Ерхан Селими во првото полувреме одиграа многу подобро за разлика од второто полувреме. Адмир Љатифи во 30. минута го постигна голот за Македонија. Во продолжението, пропуштија неколку сериозни можности за постигнување на погодок, но немаа завршница за погодок во домашната мрежа.
Првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции заврши со идентичен резултат 1:1.
МАКЕДОНИЈА: Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Давид Стојановски, Ненад Дамјановски, Емир Шаботиќ, Хисар Али, Адмир Љатифи, Онур Бешир, Назиф Цека, Ариф Локи, Игор Ристов; Селектор: Ерхан Селими;