Јован Митев и неговата Ријека ја имаат најдобрата сезона. Македонскиот фудбалер и неговите соиграчи вечерва го освоија Купот на на Хрватска, откако во финалето го победија Славен Белупо за кого настапува нашиот поранешен репрезентативец, Илија Несторовски.
Вториот меч заврши со 1-0, а стрелец на голот беше Џухара во 60. минута. Првиот натпревар меѓу овие две екипи заврши без победник 1-1.
Со освојувањето на Купот на Хрватска, Ријека ги обедини двете титули, пред некој ден го освои и шампионскиот пехар.