Милевски прозива за Белгија и Казахстан

336

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски денеска точно во 13:00 часот означи старт на подготовките за претстојните два квалифиакциски дуели на нашата репрезентација. Тоа се секако оној против Белгија на домашен терен кој го играме на Арената Тодор Проески на 6 јуни со почеток од 20:45 часот, како и оној потоа против Казахстан на гости во Астана на 9 јуни со почеток од 16:00 часот.

Селекторот Милевски за овој дуел се потпре на веќе добро познатите сили односно нема големи тектонски промени во составот кој го повика, туку им само едно ново име, а тоа е Стефан Деспотовски од ОФК Београд. Се останато веќе го имаме видено во нашиот национален тим.

Имаме проблеми со повредените играчи, како што се Никола Серафимов, кој што се опоравува од повредата на коленото, како и Дарко Велковски и Лирим Ќамили.

ПретходноОдбојкарките утре против Луксембург ја отвораат Сребрената лига 2025
СледноАтанасов: Мечеви кои многу ни значат, „да си ги вратиме“ бодовите од Велс