Навивачите на Манчестер Јунајтед ќе се обидат што поскоро да ја заборават оваа сезона, која е една од најлошите во историјата на клубот. Тие завршија на 16-то место во англиската Премиер лига, беа елиминирани во раната фаза од домашните купови, а последниот удар им го зададе Тотенхем Хотспур, кој ги победи во финалето на Лигата на Европа.
Иако многу се зборуваше за отпуштањето на Рубен Аморим, барем засега тоа нема да се случи, а Португалецот ќе продолжи да ги води „Црвените ѓаволи“ од клупата следната сезона.
Покрај кризата со резултати и сушата на трофеи, Манчестер Јунајтед се бори и со инфраструктура која е застарена и не е на ниво достојно за клуб со таков углед.
Неодамна, инспекција влезе во просториите на клубот и откри катастрофална состојба, поточно присуство на глувци во кујната каде што се подготвува храна за играчите и другиот персонал.
Една од ретките светли точки на овој клуб е многу талентираниот играч од средниот ред – Коби Мајно. 19-годишникот е на врвот на својата игра оваа сезона, играјќи 37 натпревари во сите натпреварувања и е еден од најзначајните поединци на речиси секој натпревар.
Сепак, се чини дека и Англичанецот сака да го напушти „бродот што тоне“ бидејќи муабетите за нов договор за него се целосно прекинати.
Сега англиските медиуми објавија вистинска „бомба“, а тоа е дека Манчестер Јунајтед е подготвен да се откаже од својата млада ѕвезда за бројка од 70 милиони фунти.
Навивачите се шокирани од оваа одлука на клубот, која наиде на многу негативни реакции бидејќи Мајно е еден од најталентираните играчи во клубот, но и миленик на публиката.
🚨 Manchester United are prepared to sell Kobbie Mainoo this summer if a club meets their £70M valuation.
(Source: Football Insider) pic.twitter.com/4crLkzvqQu
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 29, 2025