Македонскиот одбојкарски шампион во машка конкуренција, Струмица, има желба и оваа година да настапи во Лигата на шампионите на ЦЕВ. Во клубот деновиве се прават анализи на финансиската структура и буџетот за следната сезона, пред и официјално да се испрати пријава во натпреварувањето за сезоната 2025/26.
„Ние секако дека сакаме и ќе настојуваме и оваа сезона да играме во наислното европско натпреварување, Лигата на шампионите. Тоа е одлична шанса и за помладите да го почувствуваат тој европски дух на клупската одбојка. Имаме рок до 18 јуни да се пријавиме, па дотогаш треба да се направи проценката на буџетот и финансиската ситуација. Ако имаме услови, секако и оваа година ќе бидеме дел од европските купови“, вели нашиот искусен репрезентативец и претседател на ОК Струмица, Владо Милев.
Најголемиот дел од одбојкарите на Струмица ќе го сочинуваат составот и за следната сезона, но допрва треба да се прават и плановите за странски засилувања.