Џејдон Санчо изјави дека нема да се врати во Манчестер Јунајтед по никоја цена. Фудбалерот на Челзи разговараше со медиумите по вчерашното финале на Конференциската лига, потенцирајќи дека нема намера да се врати на „Олд Трафорд“.
„Не, нема да се вратам во Манчестер Јунајтед “, рече играчот.
25-годишниот Англичанец игра за Челзи како позајмен од Манчестер Јунајтед со опција за задолжителен откуп. Претходно беше објавено дека „сините“ би можеле да одбијат целосен трансфер на играчот доколку платат казна од 5 милиони фунти, со што иднината на Санчо е неизвесна.