Црвена Звезда не дозволи да се повтори првиот полуфинален натпревар во АБА-лига против Будуќност кога беше убедливо поразена на гостински терен. На вториот меч „црвено-белите“, пред своите навивачи славеа со 100-81 и се изборија за „мајстрока“.
Овој пат кошаркарите на Црвена Звезда ги добија сите четвртини, поведоа со 50-40 после првото полувреме и умешно го приведоа мечот во своја корист.
Филип Петрушев со 20 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Џувон Морган постигна 18 поени.
Третиот меч се игра први јуни, а домаќин е тимот на Будуќност.