Ѓоковиќ со „една нога“ го победи Французинот!

5621
Фото: Novak Djokovic @DjokerNole

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Ролан Гарос откако го победи францускиот тенисер Корентин Муте со 3-0 по сетови (3-6, 2-6, 6-7). Ова беше меч кој траеше цели три часа.

Србинот одлично влезе во оваа пресметка, првиот сет го доби со 3-6, а потоа уште полесно ја заврши работата и во вториот сет, беше подобар со 2-6. По една ваква игра се чинеше дека Ѓоковиќ ќе продолжи во ист ритам и во следниот сет, но таму наиде на силен отпор. Французинот не искористи шанса да го освои третиот сет, по што истиот беше речен во тај-брејк каде искуството пресуди.

На крајот, Србинот имаше проблем и со плускавец, што му го отежна движењето во средината на третиот сет, но и покрај сè успеа да постигне победа.

ПретходноДел од златната генерација на Вардар со пораки до Дибиров (ВИДЕО)
СледноМанев и Ријека го освоија и пехарот во Купот на Хрватска