Тиери Анри е легенда, икона на Арсенал. Во негово време “топчиите“ како од шега освојуваат пехари, трофеи, но сега веќе не е така. Посебно боли тоа што Арсенал веќе години наназад обично е втор на табелата во Премиерлигата.
Токму Анри има што да му каже на Микел Арттета. Имено тој не крие дека според него немањето класична “деветка“ е најголемиот проблем во тимот од “Емирејтс“.
“Јасно е дека на секој менаџер му треба одреден период да почне да освојува трофеи, да игра во некое финале. Пред се тука мислам на Арсенал. Замислете, Јунајтед, на кого сите му се смеат, во последните години има повеќе финалиња и трофеи од Арсенал. Мене не ми е јасно како тоа минаа неколку преодни рокови а Арсенал не успеа да донесе класичен напаѓач. Беше доведен на пример Стерлинг место еден класичен шпиц. Јас не сум толку познат тренер, но знам дека сите денеска „плачат“ по класична “деветка“. Кога ќе го добиеме Реал тогаш не ни треба шпиц. Не ги разбирам луѓето кои така лесно го менуваат своето мислење“ посочи Анри.
Нема дилеми дека е во право. Арсенал има барем десет офанзивни играчи за врска, но нема ниту еден класичен шпиц.
Зарем тоа не го гледаат Артета и тоа не го сфаќаат. Само поради ова Арсенал е е во минус од две титули во Премиерлигата во последните неколку сезони.
ФОТО: Тиери Анри/Х