Македонската репрезентација до 21. година вчера го одигра првиот од двата пријателски мечеви против соодветната селекција на Косово. На гостински терен, на стадионот Фадиљ Вокри, ибраниците на селекторот Горан Станиќ одиграа без голови 0:0, меч во кој дел покажаа што можат но во сегменти на играта и ни останаа должни.
Пред се тука се мисли на нападот, односно во доменот на создавањето на шансите пред противничкиот гол, каде што очигледно дека имаме простор за напредок.
Нашата „десетка“ Мартин Ѓоргиевски рано го напушти мечот, па останавме што се вели покуси за нашиот најдобар креативец. Ќе видиме дали ќе биде способен за вториот дуел кој се игра в сабота.
Што се однесува пак до одбраната, тука оваа генерација делува нешто повоиграна, и не дозволи кикс шанси или пак евентуално голови. Косово создаде неколку ситуации, не погоди, па ќе видиме како ќе се одвиваат нештата на вториот дуел во Скопје. Истиот се игра в сабота од 15:00 часот на комплексот Петар Милошевски.