Александар Мишов ја продолжи верноста со тимот на Тиквеш. Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, и натаму ќе биде дел од неговиот матичен клуб, за кого игра откако се врати од странство.
Тој имаше голема минутажа во изминатиот период, беше главна карика што се вели во тимот на тренерот Ѓоко Мојсов, а очигледно дека новата управат на клубот нема намера да се откаже од она што вреди во екипата.
Секако ќе има простор за засилувања, затоа што Тиквеш во изминатата сезона се бореше за опстанок, а ќе видиме во периодот кој следува за што ќе се одлучат како управата, а секако и стручниот штаб.