Се она што се случува со АЕК и нивните навивачи, сите пролеми, од европската се преселија и на домашната сцена во Грција.
Грчката федерација (истата онаа што пред ЕХФ го испофали АЕК дека организирал совршено финале, иако организацијата беше катастрофа) го информираше клубот дека дуелот со Олимпијакос нема да смее да го игра во нивната мала сала (таму играа се до финалето во ЕХФ Куп), затоа што мечот е од висок ризик, а салата не ги исполнува безбедносните услови, затоа што нема инсталирано камери.
Нешто што досега не било проблем. Замислете!
АЕК во своите објави им се чудеше на „црвено-белите“ медиуми кои прашуваа кој ќе гарантира безбедност во таа сала.
Камери немало ниту во салата на Олимпијакос, а (внимавајте) и така постоела препорака да нема гостински навивачи!
Еве ова е доказ за тоа какви се Грците, посебно оние од АЕК.