Женската А репрезентација вечерва од 18. часот се соочува со селекцијата на Летонија во рамките на последното коло од Лигата на нации.
Нашата женска селекција е во групата 6 од сегментот Ц заедно со селекциите на Косово и Летонија.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Александар Андов пред дуелот со Летонија даде свое видување и коментар.
– Не очекува тежок натпревар против селекцијата на Летонија. Ова е наш последен натпревар во групата и сакаме да го завршиме со максимален ангажман, со дисциплина и со посветеност.
-Целта ни е да се бориме за позитивен резултат и да го заокружиме овој циклус на начин што ќе ни даде мотив и темел за понатамошен напредок.
Натпреварот Летонија – Македонија можете да го гледате директно на МТВ 3.