Вардар се ослободи од пет досегашни фудбалери

3754

Предмалку тимот на Вардар, кој што е актуелен освојувач на Купот на Македонија и наш преставник во Европа ова лето објави дека се ослободува од пет досегашни фудбалери, додека пак искусниот голман Филип Гачевски се става на трансфер листата без обештетување.

Вардар официјално се збогува од Јасмин Мециновиќ, Николче Шаркоски, Александар Ѓурковски, Џибрил Дианеси и Михал Пинтер. Гачевски како што рековме ставен е на трансфер листата и за него нема да се бара обештетување.

Од друга страна пак, ќе се преговара за резервниот голман Методија Велковски како и со искусниот Ненад Мишковски.

Конечно, има и новитет, а тоа е досегашниот голман на Тетекс, 20. годишниот Или Зибери.

https://fcvardar.com/vesti_head.html

ПретходноСребрена лига: Одбојкарките исправени пред голем предизвик – прва евро-победа
СледноСтојкоски и натаму во Тиквеш