Војдан Стојановски стана татко, се роди Максим

335

Во кошаркарското семејство Стојановски денеска е еден од најубавите денови. Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација и член на МЗТ Скопје, Војдан Стојановски стана татко, се роди Максим. Војдан и неговата поубава половина, Симона за првпат станаа родители. Со оглед на тоа дека Војдан, неговите браќа Дамјан и Огнен, како и нивниот татко ги поврзува кошарката, може да очекуваме дека Максим еден ден ќе тргне по стапките на сите нив.

ПретходноИ Миловановиќ во следната сезона во дресот на Тиквеш!
СледноЖени: Реми за крај на Македонија во Рига!