Дефанзивецот на Арсенал, Габриел деновиве ќе потпише нов договор кој што ќе биде далеку побогат од сегашниот и со времетраење кое што ќе го направи бразилецот еден од оние најстандардните во оваа генерација на фудбалери на овој клуб.
Тој пристигна во Арсенал во 2020 година од Лил, за сум од 26 милиони евра, и актуелниот договор беше важечки до 2027. Сепак, Габриел со шест милиони евра по сезона, е еден од најслабо платените играчи во Арсенал, а е сериозна карика во тимот, па нормално е да добие и подобра плата и подолгорочен дил.
Менаџерот Артета по секоја цена сака да го задржи костурот на тимот, а тука секако е стоперскиот тандел Габриле и Салиба кои се незаменливи.
ФОТО GABRIEL X