Летонија – Македонија 1:1 е епилогот од последниот меч за нашата најдобра женска селекција во Лига на Нации во сегментот Ц во групата 6, одигран денеска во Рига. Ова беше реми за крај за избраничките на селекторот Александар Андов во ова натпреварување кое ќе го завршиме како последни во групата со овој бод.
Македонија поведе со голот на Меијер во 16.минута, додека Летонија израмни во 62.минута преку Шевцова.
Сепак треба да се каже, иако подмладена, селекцијата на Македонија одигра добар натпревар, посебно во првото полувреме.
А во Максути во 82.минута имаше зицер а победа, но за малку беше непрецизна, штета. Се чини нашата репрезентативка ова мораше да го реализира, уште еднаш штета.
Сепак треба да се каже дека и Летонките имаа неколку шанси, но сепак не успеаја да дојдат до победа.
Инаку селекторот Александар Андов на овој натпревар им даде шанса на следните фудбалерки:
Вељановска, Недева (67. Накова), Николовска, Панева, Панеска, Андреевска (89. Грозданова), Галабовска, Марковска (62. Величковска), Меијер, Мустафа (89. Петкова), Максути.