Инзаги: Разликата меѓу победа и пораз во финале е бесконечно голема

192
фото: Inter FR (X)

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги сподели своите очекувања за финалето на Лигата на шампионите на вечерашната прес-конференција пред утрешниот дуел во Минхен.

„Мораме да влеземе во натпреварот против ПСЖ со чисти мисли. Јасно е дека ќе има моменти кога ќе мора да се бориме, но ќе има и моменти кога ние ќе ја имаме топката, а тие ќе мора да се бранат. Деталите и поединечните епизоди ќе играат клучна улога. Мораме да излеземе на теренот со желба и решителност за победа. ПСЖ е многу силен, но ние ќе градиме игра врз нашите силни страни“, потенцираше Инзаги.

Тој вели дека секој меч на неговиот тим е еднакво важен, но ова сепак е финале.

„Секој натпревар на Интер е важен, но финалето е посебен случај. Заслужуваме место во финалето, но сме на еден чекор и до трофејот. Знаеме колку е важен овој натпревар, разликата меѓу победата и поразот е бесконечно голема. Нашата задача е да им измамиме голема насмевка на лицата на нашите навивачи“, потенцираше стратегот на „нероаѕурите“.

ПретходноЖени: Реми за крај на Македонија во Рига!
СледноГасперини го одби Јувентус, решил да ја прифати понудата на Рома