И Ндерим Неџипи си замина од Шкупи!

498
фото: Ндерим Неџипи (Facebook)

Ситуацијата во Шкупи не изгледа добро. По сите тамошни турбуленции во текот на сезоната, денеска спортскиот директор Ндерим Неџипи го напушти клубот од Чаир.

Според некои шпекулации тој има понуда да замине да работи во Албанија или во Австрија. Останува да се почека неговата одлука, а Шкупи ќе треба добро да се рехабилитира доколку сака да влезе стабилен во следната сезона.

„Сакам да ве известам дека ја напуштам функцијата спортски директор на ФК Шкупи!
Од срце му благодарам на целиот клуб, тренерите и играчите за соработката и посветеноста што ја покажаа во овој тежок период. Посебна и најголема благодарност оди до Шверцерите, кои секогаш беа тука за тимот со неверојатна поддршка“, напиша Неџипи на социјалните мрежи.
ПретходноРепрезентативците веќе мислат на Белгија (ФОТО)
СледноЕнрике: Сакам да испишам историја, да ги направам и градот и земјата среќни!