Костадинов: Сигурен сум дека и со Белгија и со Казахстан ќе се покажеме во вистинско светло!

123

Веќе наголемо нашите најдобри репрезентативци ги одаботуваат подготовките за двата квалификациски меча во јуни за СП 2026. Прво играме дома со Белгија, па потоа гостуваме кај Казахстан.

Свој коментар за нашите очекувања од овие два меча иам Тихомир Костадинов:

Секако дека е крај на сезона, но не само за нас туку и за нив. Ќе бидеме максимално подготвени, сега имаме повеќе време за подготовки. Сигурен сум дека ќе се покажеме во добро светло, и против Белгија и соп Казахстан на гости. Играме два многу важни меча, свесни сме дека испуштивме два бода со Велс, сепак животот продолжува. Имаме два меча за ново докажување. Мотивација кога се игра за Македонија не е проблем дали се игра во јуни или било кога. Многумина мислат дека Белгија сега е послаба, јас искрено не мислам така. Можеби на имиња оваа селекција не е толку звучна. Сепак имаат играчи од светски калибар, нема потреба да се збори за тоа дали Белгија е квалитетна или не“ истакна Костадинов.

ПретходноАндов пред вечерашниот меч со Летонија: Ќе се бориме да дојдеме до позитивен резултат!
СледноПресврт: Кристијано Роналдо останува во Ал Наср!