КУП НА МАКЕДОНИЈА: „Лавиците“ од Ѓорче без проблем до финале!

81

Сосема очекувана разврска на првата полуфинална пресметка во женскиот Куп на Македонија. Фаворитот, Ѓорче Петров ја победи екипата на ЖРК Вардар со убедливи 39-18.

Овој натпревар беше решен после едно полувреме, по кое избраничките на Симе Симевски имаа седум гола разлика (19-12). Мечот го отворија со 10-5, „црвено-црните“ се вратиј на кратко на минус три гола (12-9), но потоа одново застанаа.

Второто полувреме беше само чиста рутина на Ѓорче Петров, во финалето ќе игра против подобриот од Чаир и Металург Автокоманда.

Коларовска имаше шест гола, по пет постигнаа Вранчиќ и Дежиќ. Кај поразениот состав Миленковска имаше шест гола.

ПретходноАЕК си има проблеми и на домашната сцена!
СледноФримпонг и официјално е “црвен“! (ФОТО)