КУП НА МАКЕДОНИЈА: Чаир со одлично второ полувреме до финале

148
фото: WHC Cair (Facebook)

Ракометарките на Чаир се вториот финалист во Купот на Маекедонија. Вечерва во Радовиш на финалниот турнир од Купот, со пресврт во второто полувреме, чаирчанки им се придружија на шампионките Ѓорче Петров во утрешното финале.

Чаир вечерва славеше над екипата на Металург Автокоманда со 22-20 во меч во кој во првиот дел Металург имаше предност од 11-10.

Главни фактори за победата на Чаир е одличната игра во вториот дел на голманка Митровиќ и Дукоска. Дукоска мечот го заврши со 8 погодока, додека кај Металург А. најефикасна беше Јанкуловска со 5 гола.

Финалето меѓу Ѓорче Петров и Чаир ќе се игра утре во салата „25 Мај“ во Радовиш од 16 часот.

ПретходноБајката продолжува: Шчесни уште една година во Барселона!
СледноСребрена лига: Одбојкарките по 17 години ја остварија првата европска победа!