Радовиш е во центарот на вниманието кога станува збор за ракометот кај дамите. Овој град два дена ќе дише во знакот на женскиот Куп на Македонија, кој стартува токму денеска со полуфиналните битки.
Бранител на трофејот е Ѓорче Петров, кој во полуфиналето ќе се сретне со ЖРК Вардар, додека во втората полуфинална двојка силите ќе ги одмерат Чаир и Металург Автокоманда.
Избраничките на Симе Симовски се апсолутен фаворит со оглед на сезоната која ја одиграа, имаат шанса да дојдат до двојната круна. Останува да видиме дали ќе биде така или пак ќе има изненадување.