Македонскиот репрезентативец и член на Алкалоид, Марко Митев успешно ја заврши првата фаза од рехабилитацијата после тешката повреда на дуелот против Словенија на гостински терен. Според информациите тој продолжува со следната фаза со кондициски тренери.
„Успешно завршена првата фаза од рехабилитацијата после реконструкција на преден вкрстен лигамент, кај еден од нашите најдобри ракометари Марко Митев.
Делот на кинезитерапијата подразбира: активација, подобрување на обем, мускулна сила, стабилизација, проприоцепција, функционалност…Рехабилитацијата продолжува во следна фаза со кондициските трењери“, велат од Физио Елит Кинезика.
Покрај Митев во процес на рехабилитација е Никола Костески, кој исто така мораше да оди на оперативен зафат.