Од ден на ден Флоријан Вирц е се поблиску до “Енфилд“, се чини дека се чека само на официјализирање на веројатно најголемиот трансфер во 2025 година. Јасно е дека најдобриот германски фудбалер и еден од ТОП-5 најдобри во светот, ги заврши преговрите со Ливерпул за личните услови, сега на ред да се средат деталите меѓу англискиот гигант и Леверкузен.
Како што денеска пренесуваат релевантните медиуими, а и секако луѓето што се специјализирани за трнсферите, Ливерпул испратил официјална понуда до “фармацевтите“ во висина од 130 милиони евра и плус бонуси. Сега се преговара само за бонусите.
По ова може да се каже дека прашање на денови, па и часови кога ќе се официјализира најголемиот трансфер во историјата на “Редси“.
ФОТО: ФЦ Леверкузен/ФБ