Како што пренесуваат релевантните медиуми, Партизан спрема “бомба“. Имено еден од најдобрите клубови во Европа, некогашен европски првак од 1992 година со конкретна понуда до нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ.
Познато е дека Жељко Обрадовиќ има високо мислење за Нено и јасно е дека со негова дозвола “црно – белите“ тргнуваат по македонскиот репрезентативец кој минатата сезона настапуваше за Олимпија Милано.
Понудата е договор на две години, ама финансиските детали не се познати.
Јасно е дека Нено би бил големо, екстра засилување за тимот на Партизан, тим за кого тој самиот вели дека е голен фан уште од мали нозе.