Пресврт: Кристијано Роналдо останува во Ал Наср!

1075

Сепак, сепак нема ништо од заминување на Кристијано Роналдо од Ал Наср. Како што попладнево доаѓаат информации од С. Арабија, тој и неговиот досегашен клуб се договориле да ја продолжат соработката по што Португалецот одлучил да стави параф на нов договор. Деталите сеуште не се познати, но во секој момент Ал Наср ќе објави дека на својата прва ѕвезда ќе смета и во иднина.

Ова значи дека Роналдо нема да го гледаме на претстојното Светско клупско првенство во САД. Едно беше неговата желба, а сосема друго тоа што за него немаше интерес од некој голем клуб.

Па така мора да се задоволи со тоа и натаму да игра за Ал Наср без разлика што мислат фановите на овој клуб.

ФОТО: ФЦ Ал Наср/ФБ

ПретходноКостадинов: Сигурен сум дека и со Белгија и со Казахстан ќе се покажеме во вистинско светло!
СледноАлонсо: Сакаме да го донесеме пехарот во Битола!