
Селекторот на женската ракометна селекција, Симе Симовски денеска го објави поширокиот список на ракометарки на кои ќе смета за претастојното W19 EHF EURO 2025 – MONTENEGRO.
На истиот нема изненадувања, затоа што се тоа ракометарките кои се најдобрите во моментов во оваа возраст во Македонија, но секако дел од нив ќе отпаднат од списокот до почетокот на турнирот.
Младинската женска селекција на претстојното W19 EHF EURO 2025 е дел од групата А зедно со селекциите Унгарија , Полска и Чешка.
Распоред и термини на натпреварите:
- Унгарија – Македонија 09.07 – 19:30 часот
- Македонија – Полска 10.07 – 14:30 часот
- Чешка – Македонија 12.07 – 19:30 часот