Женската одбојкарска репрезентација на Македонија вечерва во салата „Парк“ во Струмица (20 ч.) стартува со настапите во новото издание на ЦЕВ Сребрената лига. Избраничките на селекторот Стефан Пауновиќ на отворањето за противник го имаат тимот на Луксембург, кој е мала непознаница за нас, но доволна причина да се надеваме дека во ова натпреварување дојде време да размислуваме и на прва победа.
По добрите подготовки (за жал без ниту еден контролен меч), нашите девојки се на потег да покажат дека го кренале нивото на одбојката која ја прикажаа пред две години во истото ова натпреварување. Луксембург е одлична шанса да се измери квалитетот на досегашната работа и напредокот на една талентирана генерација млади одбојкарки.
Проблем за нас ќе биде неиграњето на Мери Бошковска, која имаше одлична сезона со шампионот Јанта Волеј, како и отсуството на првиот техничар Ерјона Јонузи, која се уште се опоравува од тешката повреда. Луксембург има за нас релативно непознат состав со неколку интернационалки, па останува да ја видиме нивната вистинска сила вечерва на терен.
Влезот во салата во струмица ќе биде слободен, па одбојкарките очекуваат и заслужуваа силна и многубројна поддршка од трибините.
🇲🇰 МАКЕДОНИЈА:
ТЕХНИЧАРИ: Пандева, Балов
КОРЕКТОРИ: Баталаковска, Фасулева
ПРИМАЧИ: Стојанова, Терзиевска, Ковачевиќ, Хаџитосева
СРЕДНИ БЛОКЕРИ: Василевска, Павлоска, Стојановска, Стојковска
ЛИБЕРА: Попјордановска, Антеска
Селектор: Стефан Пауновиќ
🇱🇺 ЛУКСЕМБУРГ:
ТЕХНИЧАРИ: Вагнер, Вацино
КОРЕКТОРИ: Волф, Лепицка
ПРИМАЧИ: Еселин, Тутуци, Карзел, Сервин
СРЕДНИ БЛОКЕРИ: Бокунгу, Снопок, Ел Хорасани, Нау
ЛИБЕРА: Ричардс, Милиќ
Селектор: Бен Ангелсберг