Сребрена лига: Одбојкарките по 17 години ја остварија првата европска победа!

457

По пауза од скоро 17 години, женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија оствари победа на меѓунардоната сцена. Избраничките на селекторот Стефан Пауновиќ имаа извонреден почеток на новото издание на ЦЕВ Сребрената лига откако вечерва во салата „Парк“ во Струмица славеа со максимални 3:0 над соодветната селекција на Луксембург и со победа го почнаа годинешниот настап во ова натпреварување.

ЛУКСЕМБУРГ – МАКЕДОНИЈА   0:3 (16-25, 19-25, 14-25)

Освен една мала криза во средината на првиот сет, во преостанатите два сета Македонија покажа дека полека израснува во стабилен тим, кој по оние порази во истото ова натпреварување пред две години, сега може да атакува и на победи. Луксембург успеа во средината на првиот сет да дојде до мала предност, но откако нашите девојки ја стабилизираа играта до крајот немаа проблем лесно да го приведат мечот кон премиерна победа.

Теа Терзиевска со 14 поени беше најрасположена во нашата репрезентација. Ја следеа Фасулева со 9, Павловска со 8 и Стојанова со 7 поени.

Следниот натпревар за нашите девојки е во недела во истиот термин (20 часот) против селекцијата на Швајцарија.

ПретходноКУП НА МАКЕДОНИЈА: Чаир со одлично второ полувреме до финале
СледноСилекс со уште едно засилување, потпиша и Мирчевски