Уште еден шок за Тудор, Јувентус изненадува со нови кандидати

1550

Јувентус моментално поминува низ интензивна фаза. Од една страна, ја дефинира нова клупска структура, а од друга страна, бара тренер кој ќе седи на клупата во сезоната 2025/26, пишува Calciomercato.

Што се однесува до тренерската ситуација, Јувентус сè уште го има Тијаго Мота под договор, кој беше отпуштен на 23 март, но неговиот договор е до 30 јуни 2027 година. Клубот се надева дека Италијанецот со бразилски корени наскоро ќе најде нова средина, со што формално би завршила неговата епизода во Торино. Од друга страна, благодарение на пласманот во Лигата на шампионите, Игор Тудор автоматски ја продолжи соработката со Јувентус до летото 2026 година, а според договорот, тој ќе го води тимот и на Светското клупско првенство.

Иако Тудор неодамна изјави дека нема да го води тимот на тој турнир „доколку нема гаранција дека ќе остане“, неговиот агент брзо ја смири ситуацијата: „Тој ќе го води Јувентус и на Светското клупско првенство“, рече тој.

Антонио Конте, кој беше поврзуван со враќање во Јувентус, одлучи да остане во Наполи. Во исто време, италијанските медиуми сè повеќе ја споменуваат можноста за доаѓање на Симоне Инзаги, иако засега повеќе станува збор за шпекулации отколку за конкретни преговори. Најверојатно сценарио за следната сезона е Тудор да остане на клупата.

Во последните часови повторно се спомена името на Џан Пјеро Гасперини. Искусниот 67-годишник ја напушта Аталанта и веќе преговара со Рома. Во вторник во Фиренца се сретна со сопствениците на Рома, Гасперини ја сослушал понудата и побарал 48 часа за одговор.

Во тој период, според „Скај Спорт“, во игра би можел да се приклучи и Јувентус. Иако засега тоа е само интригантна идеја, фудбалскиот пазар нè научи дека ништо не е невозможно.

ПретходноГолем пресврт во Наполи, Конте останува!
СледноКошаркарски мизерен очобол: Аман нека зврши финалето – да не се мачиме повеќе!