Викендот што следува, (31. мај и 01. јуни) тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе се одржи финалниот турнир од Детска Лига за сезона 2024/25.
Почнувајќи од сабота во 09:00 часот, а заклучно со недела во 17:30 часот на тренинг центарот учество ќе земат најуспешните 96 екипи од цела Македонија, поделени во 6 натпреварувачки категории (2012/2017). Ова е само завршница на годинешното издание на ФФМ Детските Лиги каде сезонава имаше учество на 145 клубови и 686 екипи со повеќе од 10.000 млади фудбалери кои имаа можност да се натпреваруваат секоја недела во рамките на своите региони.
Од ФФМ на учесниците им посакуваат среќа на претстојните натпревари и истите да поминат во духот на фер-плејот, а воедно упатуваат отворена покана за присуство до сите заинтересирани.