Ѓорческа се избори за полуфинале во Куршумлиска бања

103

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се пласираше во полуфиналето на турнирот во Куршумлиска бања.

Таа во четвртфиналето беше подобра од тенисерката од Русија, Анастасија Золотарева, која што ја победи со конечни 1:2.

Иако го загуби првиот сет со 6:4, Ѓорческа се врати во игра и направи пресврт со 6:2 и 6:4 во вториот и третиот сет.

Полуфиналето нашата Ѓорческа ќе го игра против претставничката од Казахстан, Куламбајева.

 

ПретходноМилан го официјализираше Алегри
СледноАјакс пронајде нов тренер