Утре стартува Ф4 во Купот на Македонија. Ракометарите на Пелистер играат со Охрид, секако дека важат за фаворити во ова финале, но сепак треба да се победи. Во случај на триумф тогаш битолчани се среќаваат со победникот од другото полуфинале меѓу Алкалоид и Вардар.
Во пресрет на Ф4 во Купот, свое видување има тренерот на Пелистер, Раул Алонсо:
Ќе биде убав викенд и веќе се подготвуваме за натпреварот против Охрид. Нè очекува убава атмосфера и одиме во Охрид да го донесеме Куп-трофејот по многу години во Битола. Сите четири екипи ќе бидат многу мотивирани. Ќе решаваат мали детали, сите четири тима играат добро, но треба да потенцираме дека на вакви турнири можни се и изненадувања. Мислиме само на првиот натпревар и верувам дека со помош на нашите навивачи, кои секогаш и секаде ни даваат поддршка, можеме да се пласираме во финалето“.