Раководството на Тиквеш продолжува со преговорите и потписите со оние играчи кои му се важни на тимот. Па така попладнево кавадарчани се пофалија дека успеле да ја продолжат соработката и со Даниел Миловановиќ кој најмалку и во следната 2025/26 ќе го носи дресот на кавадаречкиот прволигаш.
Ова е голема вест за сите во Тиквеш ако се знае дека токму Миловановиќ во пролетниот дел одигра маестрално, беше убедливо најдобриот фудбалер во тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов и со неколкуте постигнати голови и тоа како помогна Тиквеш да се избори за директен опстанок.