Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ги сумираше своите впечатоци по победата над Дамир Џумхур на Ролан Гарос.
Алкараз се пласираше во осминафиналето на вториот Гренд слем во сезоната, по голема борба и драма, успеа да го победи Дамир Џумхур во четири сета – 6:1, 6:3, 4:6, 6:4.
„Одлична енергија. Не уживав толку многу, многу се мачев, но среќен сум што одигравме добар натпревар. Игравме одличен тенис, трчавме, ја удиравме топката. Овие луѓе останаа до доцна да нè гледаат и ние го цениме тоа. Гренд слем турнирите се тешки затоа што мора да се игра на исто ниво три или четири часа и тоа е најтешкиот дел“, рече Алкарас и додаде:
„Контролирав два сета, се чувствував добро, а потоа тој стана поагресивен. Тешко беше да се натерам да го следам неговиот ритам, но на крајот успеав да славам. Не размислувам колку трчав вечерва. Ги обожавам овие натпревари. Морам повторно да им се заблагодарам на луѓето што останаа до полноќ. Фокусот е на следниот натпревар, да се одморам, да пијам ледена вода, да јадам… Ќе се обидам да се опоравам што е можно повеќе за следниот натпревар“, рече Алкарас по големата победа.
Алкараз ќе се соочи со нов предизвик во следната рунда – дуел со Американецот Бен Шелтон.