Пелистер последен пат на пехарот во Купот на Македонија се радуваше пред 20 години. Актуелниот првак вечерва се избори за финале, а таму за противник ќе го има Вардар 1961, тим со кого не само што ќе војува за пехарот во ова натпреварување, туку и за титулата.
Добро е познато ривалството на двата клуба, навивачите на Пелистер по завршување на мечот на ракометарите им порачаа дека го сакаат пехарот.
Финалето меѓу Вардар и Пелистер е закажано за утре со почеток во 17:30 часот.