ЖРК Ѓорче Петров со двојна круна ја завршува сезоната

105
Фото: РФМ

Екипата Ѓорче Петров ја оправда улогата на фаворит и во Купот на Македонија. Во финалето избраничките на Симе Симовски го совладаа ЖРК Чаир со убедливи 36-19 и подигнаа 17-от пехар во својата историја.

Мечот беше неизвесен во првите 15 минути, Чаир н двапати беше на гол негатива (6-5 и 8-7), по што „лавиците“ од Ѓорче со серија од 4-0 дојде на плус 4 (11-7), на одморот резултатот беше 15-9.

Во продолжение не се промени ништо, Ѓорче Петров ја имаше полесната задача, рутински да го приведе дуелот во своја корист за обединување на круните оваа сезона.

Дежиќ со девет погодоци беше прв стрелец, зад неа беше Ризоска со осум гола. На другата страна Ѓеоргиевска имаше пет погодоци.

ПретходноЃер ја доби драмата со Есбјерг и се пласира во финалето!
СледноМладите ни останаа должни за гол и во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)