Купот на Македонија може да почне, Охрид е подготвен за ракометен спектакл

430

Денеска стартува Купот на Македонија во машка конкуренција, домаќин е градот Охрид, а мечевите ќе се играат во салата „Билјанини Извори“. Езерскиот град по вторпат во три години ја доби довербата за организација на ова натпреварување.

Неколку часа пред стартот на Купот на Македонија се одржа прес-конференција на која присутни беа градоначлникот на Охрид, Кирил Пецков и првиот човек на РФМ, Александар Стефанов, како и претставници на сите четири клубови кои се дел од завршницата.

„За Охрид е второ домаќинство на Купот на Македонија, за разлика од претходноиот, овој пат дел е и градскиот тим. Се надевам ќе бидеме добри домаќини. Ќе се обидеме и во иднина да зграбиме шанса повторно да го организираме Купот на Македонија. Посакувам спортска игра, многу среќа и победа на сите тимови“, изјави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

За претседателот на РФМ, Александар Стефанов, ова е прво натпреварување во неговиот мандат.

„Чест и задоволство ми е да го означиме отворањето на овој „фајнал-фор“ во Охрид. На овој турнир е собран ракометниот крем во Македонија, екипите кои наназад низ годините доминираат и најмногу вложуваат во овој спорт, за успешно да не претставуваат, но и самите себе во Европа. Би сакал да им посакам среќа на сите учесници, во еден ракометен и спортски дух и низ коректна борба да имаме убав турнир. Благодарност до домаќинот за организацијата, се надеваме на успешен завршен турнир. Ги повикувам сите Македонци да дојдат, ова е ракометен празник и викенд. Купот секогаш имал посебен натпреварувачки дух“, изјави Александар Стефанов. 

ПретходноИскусниот асистент на Клоп му потврди на Гвардиола
СледноНајдоброто од македонскиот ракомет во Охрид: Четири желби – еден пехар!