Куп на Македонија: Алкалоид го брани пехарот, Пелистер чека 20 години!

357

Охрид по вторпат во последните три години ќе биде домаќин на Купот на Македонија во машка конкуренција. Денеска во салата „Билјанини извори“ ќе се одиграат полуфиналните пресметки, а бранителот на Куп трофејот е Алкалоид.

Избраниците на Кирил Лазаров и оваа година на патот кон финалето за противник го добија тимот на Вардар 1961, кој е најтрофеен клуб и ова натпреварување, мечот е закажан со почеток во 17 часот.

Во втората полуфинална двојка силите ќе ги одмерат домаќинот Охрид и Пелистер. Охриѓани немаат ниту еден пехар во Купот на Македонија, на другата страна пак битолчани ова натпреварување последен пат го освоија во 2005 година. Натпреварот меѓу овие две екипи стартува во 19:30 часот.

Кога сме кај пехарите во ова натпреварување, Вардар 1961 има 16, последен пат славеше во 2023 година. Во последните десет години овој тим има славено дури седум пати.

Втор на табелата е Металург, има шест пехари, следи Пелистер со пет, Алкалоид, Борец, Куманово и Тутунски Комбинат со по еден пехар.

ПретходноРФМ ќе организира “Трофеј Македонија” во Охрид
СледноЛШ финале: Никој како Реал Мадрид со 15 пехари, следуваат Милан, Баерн Минхен, Ливерпул…