Алкалоид не успеа да се пласира во финалето на Купот на Македонија и таму да го брани пехарот. Момците на Кирил Лазаров после изведување на пенали беа совладани од Вардар 1961 со 32-31.
Како и на претходните мечеви така и сега Алкалоид не беше во комплетен состав, имаше шанса да победи во регуларниот дел, не искористи напад. Лазаров му ја честиташе победа на Вардар 1961, но им честиташе на неговите момци за играта против далеку поискусни и посилни ростери, нешто што го прават во текот на целата сезона.
„Тешко е сега да се каже, треба да му се честита на тој што победи, ние сакаме фер – плеј. Сакам да им честитам на моите играчи кои имаат една многу тешка сезона и покрај сите хендикепи што ги имаме, играме егал со екипи со подобри ростери, можам да кажам со интернационални играчи. Секако дека тоа ме прави горд. Имавме напад за победа, значи ние ја донесовме оваа средба таму каде што сакавме, не успеавме да реализираме. Јас и пред мечот кажав дека очекувам неизвесен натпревар зошто завршниците се неизвесни. Му честитам на Вардар, ние имаме свој пат, по тежок пат одиме.
Мора да кажам дека не сум разочаран, напротив, горд сум на целиот тим и на екипата како функционираше. Знам како е да се функционира квалитетно и константно во текот на целата година, како што кажав со сите хендикепи. Тоа е тоа. Пресудија детали, можеби имаме малце респект кон името Вардар, тоа нашите млади играчи тоа треба да го надминат, да им стане јасно дека ова е терен 40-20 и без разлика како се вика противникот и кој игра. Треба тоа да го научат, полека го учат. Тоа оди споро и од време на време ќе платиш некоја казна и данок“, изјави Лазаров после мечот.