Луис Енрике е ГЕНИЈАЛЕЦ…

1104

Кога минатото лето си замина Килијан Мбапе, тренерот на ПСЖ кажа дека нема проблем, дека неговиот тим ќе биде уште подобар.

И, да, Луис Енрике се покажа дека е генијалец. Од млад тим, од тим кој никој не го есапеше во ЛШ, направи вистинска МАШИНА која просто меле.

Успеа од зааспаниот Дембеле да создаде „ЧУДОВИШТЕ“. Од каде ли само го извлече оној Дуе. Малиот има само 19 години а одигра фантастично во ова финале во Минхен и ради него еден Баркола беше на клупата.

Да не говориме за средниот ред, а за Квича, за Џиџи и останатите.

Луис Енрике е генијалец и поради тоа што покажа дека може да се дојде до пехар во ЛШ и без Меси, Мбапе, Нејмар и сите останати мега – ѕвезди од минатото на ПСЖ.

Тој е единствен, заедно со Пеп Гвардиола, кој успеа да дојде до триплета со два клуба.

Можеме само да претпоставуваме како сега сите во ПСЖ ќе го почитуваат Шшпанецот, треба и споменик да му подигнат на ГЕНИЈАЛЕЦОТ.

ФОТО: ФЦ ПСГ/ФБ

ПретходноНикој никогаш како ПСЖ: Пехарот во рацете на блескавиот тим од Париз!(ФОТО)
СледноОва е за Хана: Фановите на ПСЖ со фантастична кореографија со која го расплакаа Луис Енрике! (ФОТО)