Мекларен ќе стартува од првиот ред во Каталуња

1065

Оскар Пјастри и Ландо Норис ќе стартуваат од првиот ред утре на трката за Големата Награда на Шпанија која што се вози во рамките од новиот шампионат во Формула 1.

Двоецот од Мекларен имаше најдобро време денеска на официјалниот тренинг, со што обезбеди најдобра стартна позиција за утре.

Пјастри беше најбрз со време од 1:11,546, додека пак Норис заостана 0,209 секунди.

На третата позиција на денешниот тренинг се пласираше актуелниот првак, Макс Ферстапен.

 

ПретходноМладите ни останаа должни за гол и во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноСинер покажа сила, на Лехечка му препушти само три гема!