Македонската репрезентација до 21. година денеска од 15:00 часот на комплексот Петар Милошевски ќе го одигра вториот од двата пријателски дуели против соодветната селекција на Косово.
Нашиот тим на првиот меч одигран во Косово одигра 0:0, а сега ќе има можност да се реваншира на домашен терен.
Косово на оваа генерација и е ривал со кој што веќе четврти пати во само пест месеци игра пријателски мечеви. Првите два беа под водство на сега веќе екс селекторот Канатларовски, додека пак сега сме секако со селекторот Горан Станиќ.